Царовска: Преку јакнење на економско-социјалниот дијалог на локално ниво до ефикасни мерки за врботување

Зајакнување на социјалниот дијалог преку кој се создаваат повеќе и подобри работни места имаше за цел дводневната работилница „Кон систем за предвидување на потребни вештини во Македонија“, што почна денеска во Скопје.

На работилницата, што ја организира Меѓународната организација на трудот во соработка со Европската Комисија и Европската фондација за обуки, присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

-Социјалниот дијалог во усогласувањето на понудата и побарувачката на пазарот на труд е многу важен, бидејќи само преку овој дијалог може да се детектираат потребите од некое занимање и да се создаваат повеќе и подобри работни места. Усогласувањето сега го правиме преку дуалното образование, но и преку Оперативниот план со мерки за вработување. Според мене е многу значајно што истовремено годинава ќе работиме на јакнење на економско социјалните совети на локлано ниво, бидејќи сметам дека најдобри мерки за обезбедување работна сила, но и за вработување на невработените се креираат кога дијалогот ќе се спушти на одредена општина или регион, рече Царовска.

Општата цел на оваа активност, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, е развој на механизам за подобрување на меѓу-институционалната координација која е неопходна за воспоставување ефективен и сеопфатен систем за предвидување на потребните вештини во Македонија.

На работилницата учествуваат и Алесандра Молц, специјалистка на МОТ за вештини и Кристина Мереута, специјалистка на ЕТФ за пазарот на трудот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e