Денеска се слушаа бомбите за „Топлик“. Еве што Груевски му велел на Јанакиески

Единаесет бомби предложени како доказ за предметот „Топлик“, денеска одекнаа во судница. Во овој случај првообвинет е екс министерот Миле Јанакиески и уште петмина кои биле вработени во министерството. СЈО ги гони обвинетите дека го оштетиле буџетот за над 64 милиони денари, бидејќи овозможиле продажба на земјиште во Сончев град, иако за тоа не биле исполнети законски услови. Потоа овој договор бил раскинат, а државата морала да исплати 64 милиони денари како камата, пишува Фокус.

Три од прислушуваните разговори се меѓу Јанакиески и Никола Груевски, четвртиот разговор е помеѓу Јанакиески и новинарот Драган Павловиќ Латас , еден од разговорите е меѓу Јанакиески и Зоран Ставрески и останатите се меѓу Јанакиески и непознати лица. Јавноста имаше можност да ги слушне разговорите во судница, но дел од нив не беа доволно разбирливи, а воедно во нив не се зборува само за Сончев град, туку за уште многу други бизниси и тековни работи.

(…)

Првиот разговор го водат Јанакиески и Груевски, на 3.2.2010 година. Во него Груевски го кара Јанакиески дека не бил доволно дил ориентет како Владимир Пешевски, односно не им посветувал доволно внимание на инвеститорите.

„Миле, Владо е дил ориентед, им посветува внимание на инвеститорите и него го фалат, а од тебе не се задоволни. Ти како да си правник па им кажуваш дека тоа што го сакаат не е по закон, и толку, ги откачуваш за пет минути“, му вели Груевски на Јанакиески.

Јанакиески пак му се правда дека Пешевски не превзема ризик, и дека викал дека Миле е тој кој треба да потпише.

“Пешевски на ништо не става потпис, вика Миле треба да потпише“, му одговара Јанакиески.

Груевски, пак, продолжува да го советува дека големите инвеститори бараат специјален третман.

„Овие инвеститори се милијардери. Имаат сопствени авиони, по 10 женски носат на јахта и доаѓаат кај тебе, а ти за пет минути им викаш не е по закон и толку, му вели Груевски.

повеќе тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e