Битолчанецот Николче исчезнат во мај е починатиот пронајден кај Тиквешкото Езеро

Николче Николовски (34) од битолското село Буково, кој исчезна во мај годинава е пронајден мртов, објави Фокус. Телото во распаѓање пронајдено до автомобил кај Тиквешкото езеро за кое информираше МВР на 2-ри август му припаѓа на младиот битоланец, чие семејство преку социјалните мрежи бараше помош во неговото пронаоѓање.

Николовски ќе биде погребан утре на гробиштата во село Буково, а неговите блиски велат дека причината за смртта се уште не се познати бидејќи се чекаат резултати од обдукција.

Николче исчезна од својот дом на 13-ти мај, кога заминал со својот автомобил „форд фиеста“, кој бил пронајден на спореден пат кај езерото во близина на Кавадарци.

Негов пријател во изјава за Фокус вели дека останале многу неодговорени прашања, за кои сметаат дека надлежните ќе им ги дадат одговорите.

Тој вели дека се изненадени како никој толку време не го забележал автомобилот, односно дека локацијата каде е пронајден автомобилот и телото е покрај земјен пат кој не е непристапен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e