Бачев во божиќната честитка повика поповите да фрлат црковно проклетство кон предавниците

Претседателот на „ЕДинствена Македонија“ Јанко Бачев повика македонските попови да фрлат анатема (црковно проклетство“  до седмо колено до сите кои вршат предавство со бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја

„Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој“, вели Јанко Бачев во соопштението од Единствена Македонија.

„Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македонските попови имаат силна национална должност на богослужбите низ сите цркви во земјата и дијаспората да фрлат анатема до седмо колено до сите кои вршат предавство со бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја“ – се вели во честиката на претседателот на Единствена Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ