Арсовска, спротивно на закон, го поставила Велковски од ВМРО-ДПМНЕ за генерален секретар на Град Скопје

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го именувале за секретар на Град Скопје Ѓоко Велковски актуелен советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пренесоа дел од медиумите.

Ова освен што е неетички, туку е и спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Надлежните ограни се веќе известени и овој случај мора да има разрешница, велат од СДСМ.

Арсовска одново докажа дека освен груба партизација на Град Скопје ништо друго и не прави.

Одамна е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, посочуваат од владејачката партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e