Анѓушев: Ние инвевестираме во човечки капитал

Бизнис секторот ја поздравува мерката за зголемување на платите преку субвенција на придонесите. Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска во Топ Тема на Телма изјави дека секоја подршка е добредојдена, но има страв кај членките дека ова ќе биде вовед кон вториот чекор а тоа е вештачко зголемување на минималната плата
„Секоја подршка на приватниот сектор е добредојдена. Има позитивно расположение за мерката за зголемување на платите. Тоа ќе помогне за проблемот за недостаток на работна сила. Но имаме и дилеми дали е ова еден чекор што ќе повлече неприродно вештачки зголемување на минималните плати“Арсовска Мерката е за сите.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев посочи дека мерката е за сите сектори и нема дисктриминација. При тоа потенцираше дека мора да се инвестира во човечки капитал, со единствена цел да се задржат младите.
„Ако не инвестираме во човечки капитал во фабриките ќе останат само пензионерите, а младите ќе си заминат. Затроа ние како држава решивме на овој начин да им помогнеме на компаниите во делот на расходите за платите. Ако некој сега зема 20 000 плата,а компанијата сака да ја зголеми на 23 000 , за покачувањето од 3 000 денари персонален данок ќе плати компанијата, а остатокот за пензиско и здравствено ќе ги плати државата. Ние на оваа мерка гледаме како инвестција во човечки капитал“  посочи Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e