Заседаваше Локалниот совет за превенција на Крива Паланка: Невистинити се наводите за сомнителни возила и луѓе низ градот

На состанокот на Локалниот совет за превенција, одржан на ден 22.03.2019 година,  беа донесени следните заклучоци за безбедносната состојба во општина Крива Паланка:

  1. Вишиот соработник за образование и спорт при Општина Крива Паланка да подготви и дистрибуира до сите училишта на подрачјето на општина Крива Паланка соопштение, во кое ќе ги демантира сите невистинити наводи за сомнителни движења на некакви возила со затемнети прозорски стакла и луѓе во темна гардероба, кои наводно следат некого.
  2. Соопштението да биде прочитано на класен час, во понеделник 25.03.2019 година, во основните општински училишта и во средното општинско училиште.
  3. Доколку се забележат сомнителни активности кои се битие на кривичното дело- грабнување веднаш да пријавуваат на бесплатниот телефонски број 192 и да извршат фотографирање на сомнителните луѓе и возила.
  4. ПС од ОН Крива Паланка да превземе соодветни мерки кон сите лица кои шират дезинформации во јавноста и преку социјалните мрежи за некакви наводни сомнителни движења и активности на луѓе и возила.
  5. Во текот на наредната недела итно и неодложно да се свикаат и одржат состаноци на Советите на родители во сите училишта на подрачјето на Општината на кои ќе се дискутира за наведената проблематика и да се прочита даденото соопштение.
  6. Да се работи на организирање и одржување на информативни средби со граѓаните, во соработка со Секторот за превенција при СВР Куманово и медиумите, а преку кои ќе се врати довербата на граѓаните во безбедносната состојба во Општината.
  7. Заклучоците и соопштенијата да бидат објавени на официјалната веб страница на Општината и во медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e