Загина тракторист во кавадаречко

Загина тракторист во кавадаречко, информираше МВР.

На 20.01.2023 во 14.00 часот било пријавено дека на патниот правец од Кавадарци кон с.Ресава, во месноста викана “Црвена земја”, Љ.К.(54) управувајќи трактор “фергусон”, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило “шкода фаворит” при што изгубил контрола над тракторот и се излизгал и превртел.

На местото на настанот починал Љ.К., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e