Со возило повредил пешак во Тетово и се дал во бегство

На 25.03.2018 година околу 17.40 часот на кружниот тек на улиците „Илинденска“ и „172“ во Тетово, засега непознато возило удрило во пешакот О.О. (76) од село Пирок, тетовско, по што го напуштило местото. Притоа, О.О. се здобил со повреди и со друго возило бил пренесен и задржан на лекување во тетовската клиничка болница. Од МВР преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e