Во тек е пријавувањето за традиционалниот „Турнир во мал фудбал” во Крива Паланка

Општина Крива Паланка втора година по ред го организира Традиционалниот општински “Турнир во мал фудбал”.
Подготовките се во тек, а остануваат помалку од две недели за пријавување за учество.
Пријавувањето трае до 20.4.2023.
Стартот е 24 април, а салата “Бранители 2001” ќе биде повторно исполнета до последно место за време на одигрување на натпреварите што ќе понудат спортска еуфорија и забава за сите генерации, љубители на фудбалот.
-Покрај забава и уживање во фудбалската магија за паланчани, обезбедени се и вредни награди за најдобрите. Спортот е универзално поле за дружба и фер-плеј, преку спортот промовираме здрави животни навики за младите, порачуваат од општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e