Во Крива Паланка ќе се одржи Првомајски општински крос 2018

Во организација на Училишниот спорт од Крива Паланка, а под покровителство на градоначалникот на Општина Крива Паланка, г.Борјанчо Мицевски, на 30-ти месецов со почеток во 10.00 часот, на Градскиот стадион ќе се одржи Првомајски општинскиот крос натпревар 2018.

На оваа традиционална манифестација ќе учествуваат ученици од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ и средното училиште „Ѓорче Петров“  во Крива Паланка.

Должините на патеките за трчање се различни, според возраста на учениците и ќе бидат поделени во пет категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).

Четврто и петто одделение ќе трчат на 200 метри, учениците од шесто и седмо одделение на 300 метри, осмо и девето на 400 метри, средношколците ќе трчаат  во две категории и тоа прва и втора година на 600 метри, а трета и четврта  ќе трчаат на 800 метри.

Првопласираните три места  во поединечна конкуренција  ќе бидат наградени со дипломи и медалји (златна-сребрена-бронзена) од страна на градоначалникот на Општина Крива Паланка, г. Борјанчо Мицевски, а учениците кои ќе освојат први места ќе добијат и дополнителна специјална награда од градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e