Во Ѓорче, поголема група ги извадила од возилото и ги претепала

Вчера во ПС Ѓорче Петров А.М.(22) пријавил дека истиот ден околу 13,30 часот на ул.“Есперанто“ поточно на паркинг простор додека бил во возило заедно со неговиот 16 годишен другар во еден момент се доближила поголема група на лица кои им ги отвориле вратите од возилото и физички ги нападнале, удирајќи ги со боксови и нозе во пределот на лицето и телото. Од извршениот физички напад двајцата се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и оток по лицето и  телото.

МВР работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e