ТАМПОНИРАЊЕ НА ПРИСТАПЕН ПАТ ДО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО СЕЛО ПРЕСИЛ, КРУШЕВО: Овозможуваме полесен пристап на земјоделците до нивните обработливи површини

Преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедени нови 994.290,00 денари за Општина Крушево кои ќе бидат инвестирани во инфраструктурен проект за тампонирање на локален пристапен пат до земјоделско земјиште во село Пресил.
326233963_484916737052458_6611718269059319227_n
На земјоделците од ова населено место им овозможуваме полесен пристап до нивните обработливи површини, појасни градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.
Тој се заблагодари на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за финансиската поддршка и соработката во изминатиот период.
-Благодарение на нивната ангажираност и посветена работа, нашите одлуки стануваат реализирани проекти, потенцира Христоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e