Од водите на Преспанското Езеро извлечено телото на скопјанец

Вчера во 13:15 часот во Преспанското Езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлекла телото на 71-годишниот М.М. од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај село Сливница, Ресенско, по веслата кои му паднале.

Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничката болница во Битола за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e