Седум лица нападнале и ѝ се заканувале на жена пред домот во Кочани, полицијата пукала во воздух

Во Кочани полициски службеници привеле две лица по пријава за нарушување на јавниот ред и мир и агресивно однесување пред дом на 37-годишна жена.
Според информациите од полицијата, на 12 август околу 1 часот по полноќ, А.Џ. (31) и С.Џ. (40), двајцата од Кочани, заедно со уште пет лица дошле пред домот на Б.Џ. и упатувале закани и се однесувале агресивно кон неа.
По пристигнувањето на полициските службеници, групата не ги послушала наредбите да престане со однесувањето. Поради тоа, еден од полицајците испукал предупредувачки куршум во воздух.
Двете лица биле лишени од слобода, а по целосното документирање на случајот полицијата најави дека ќе бидат поднесени соодветни пријави

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e