На 02.02.2018 година во 22,45 часот во близина на с.Милетково-гевгелиско, од страна на патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица било сопрено товарно моторно возило „Фиат-Дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од М.Д.(28) од Струмица.
Од страна на полициските службеници бил извршен преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти (од кои осум сириски, пет пакистански и двајца ирачки државјани) кои биле приведени. За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Д. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица Гевгелија, а мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, за понатамошна постапка.