Изјава за медиуми
Анета Стоилковска, кандидат за советник во советот на Општина Крива Паланка од СДСМ и коалицијата
“Почитувани сограѓани !
Ја бараме вашата доверба за поквалитетен живот за граѓаните на населба Осичка мала, населба Домачки дол и за граѓаните кои живеат на улица Ристена Гогова.
За овие три населби предвидуваме:
- реконструкција на асфалтната површина на улиците Партизанска преку Домачки Дол до населба Циглана, 8-ми Септември и Моша Пијаде и да го решиме проблемот со атмосферските води
- изградба на детско игралиште на просторот пред Тораничка зграда и повеќенаменско игралиште на просторот позади детската градинка Детелинка
- промена на преостанатите азбестни цевки со водоводни
- поставување на сферно огледало на крстосницата кај Осички мост
- регулирано корито на Домачки Дол на потегот кон населба Циглана и редовно чистење на Домачки Дол
- изградба на соодветен канализационен систем и изградба на безбедни улички во месноста Горен Бавчал’к
- пат за возила од улица Моша Пијаде кон улица Македонска.
- реконструирукција на улицата Ристена Гогова со нејзините краци со промена на калдрмата и изградба на модерен асфалтиран пат како и изградба на детско игралиште
- решавање на проблемот со атмосферските води и наносите во трите населби
- дополнителни уредени локации за контејнери и корпи за отпад
- подобра ефективност на зимското чистење во сите три населени места
Драги сограѓани,
Само вие и никој друг одлучувате во каква Крива Паланка сакате да живеете. Да ставиме крај на лошата политика која од Крива Паланка направи изолирана и безперспективна општина, и да се избориме за нова, чесна и одговорна локална власт која ќе работи во итнерес на секој наш граѓанин.
Ве повикуваме во Недела, на 15 Октомври масовно да излеземе и да гласаме за бројот 19, за нашиот кандидат Борјанчо Мицевски и советничката листа на СДСМ и коалицијата, за да обезбедиме ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ!”, вели Стоилковска.