Советот на млади на општина Крива Паланка со ново раководство

На 23 април се одржа втората седница на Совет на млади на општина Крива Паланка, избрано е ново раководство, а за претседател е избрана Елеонора Маџовска, која најави проекти за подобрување на состојбата на локално ниво во повеќе области, со цел унапредување на животот нз младите од градот.

-Целта на Советот и неговото активно функционирање се придвижување во позитивна насока и во нагорна линија на сите случувања кои ги засегаат младите, пред се култура,образование, туризам и спорт. Воопшто, нашето дејствување ќе биде во насока на поттикнување на проактивноста кај врсниците и активно вклучување во креирање на локалните политики, изјави Маџовска.

За потпретседател е избран Стефан Вучевски, а секретар во Советот е Коста Спасовски.

На седницата на Советот на млади се утврдени и насоките за понатамошно дејствување, усвоен е деловникот за работа, а до следната седница  младите ќе работат на формирање Годишен календар на активности. Остварени се и првични контакти со претставници на локалната самоуправа за тековните активности на општината во кои активно би се вклучиле младите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e