Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром земаат паушал а не учествуваат во работата на Советот

Бојкотот, деструкцијата и дејствувањето спротивно на интересите на граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува во Собранието, опозициската партија ги пренесува и на локално ниво.

Веќе втор пат, советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштаат седницата на Советот на Општина Аеродром, веднаш откако ќе се усвои дневниот ред. Изговорот е дека одбиваат да ја вршат својата работа заради правните процеси започнати од надлежните институции за насилствата во Собранието на 27 април. Меѓутоа, пред да заминат, советниците од ВМРО-ДПМНЕ редовно го подигнуваат својот паушал. Толку од лажната грижа на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ваквото однесување советниците од ВМРО-ДПМНЕ, исто како и пратениците од нивната партија, покажуваат дека воопшто не им се важни интересите и потребите на граѓаните што ги претставуваат, туку дека единствено се грижат за своите џебови. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат за граѓаните на општина Аеродром туку за себе и за партијата.

СДСМ нема да дозволи ваквото неодговороно однесување на ВМРО-ДПМНЕ да биде на штета на граѓаните, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e