Денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев подели дел од пакетите со прехранбени продукти, кондиторски производи и средства за хигиенана социјално – загрозените домаќинства од Карпош.
Оваа активност е во рамки на акцијата „Да бидеме хумани за нашите соседи” која неодамна се одржа по22-ри пат на десет пункта низ Општината пред поголемите маркети.
Во урбаните заедници, во Карпош 2, Владо Тасевски и Влае градоначалникот Богоев ги додели социјалните пакети донирани од карпошани на кои им сезаблагодари за големата хуманост.
Богоев најави дека претстојат сериозни разговори со Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска, со цел Општина Карпош дасе вклучи во поддршката на социјално – загрозените граѓани преку конкретни проекти и активности.