Се уредуваат повеќе локации во Струмица

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска ја продолжува акцијата за уредување и обновување на дрворедите во општина Струмица. Нови садници од видовите јасен и јавор се засадија на тротоарите на булеварот „Маршал Тито“ во близина на средното општинско училиште „Никола Карев“.

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ работи на подобрување на уличното осветлување во населеното место Куклиш. Овој зафат се реализира на патот кој што поминува низ селото и тоа со поставување на нови арматури на веќе постоечки столбови, а на кои што немаше арматури за осветлување. Осветлувањето на овој потег ќе биде подобрено со 18 сијалични места.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e