Се испитуваат причините за смртта на малата Јана од битолско

Се врши истрага за причините за смртта на шестгодишно девојче, велат претставници на Клиничката болница во Битола. Тие велат дека за случајот веднаш биле известени обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед.

И од Министерството за здравство за денеска најавија вонреден инспекциски надзор за овој случај. Обдукцијата на телото на девојчето е веќе завршена, а резултатите се очекува да пристигнат за 10 дена.

Завчера во битолската болница почина Јана Христовска, шестгодишно девојче кое родителите го донеле на преглед по покачена температура и симптоми на настинка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e