Населените места Чардаклија, Балканска и Македонка во Општина Штип, во моментов немаат здрава вода за пиење.
Во планот на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Благој Бочварски, предвидено е изградба на нова водоводна линија од препумпната станица Баби до овие населби, со цел граѓаните да добијат чиста и здрава вода за пиење.
Во првата фаза од проектот, како што е предвидено, се планира изградба на транзитна линија до населба Балканска во должина од 1500 метри и секундарни водоводни краци низ населбата. Во втората фаза транзитна линија до населба Чардаклија и крак за работна зона ПИ Македонка, додека во третата фаза крак за населба Македонка.
Со реализацијата на овој проект над 2000 граѓани на овие населени места ќе добијат чиста и здрава вода за пиење, водоснабдувањето на работна зона ПИ Македонка ќе се реши трајно а во исто време граѓаните нема да бидат изложени на ризик од заразни болети.