СДСМ Кр.Паланка организира хуманитарна акција “Сподели радост”

Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка, во период од 17-ти до 20-ти декември спроведува хуманитарна акција под наслов “Сподели радост”.

“Хуманитарната акција се спроведува за донирање на храна,облека, хигиенски средства како и финансиски средства. Сите собрани средства ќе бидат донирани на социјално загрозените семејства од нашата општина.

Сите заинтересирани кои сакаат да помогнат донацијата може да ја достават во просториите на ОО на СДСМ Крива Паланка секој работен ден од 17-20 декември 2018 год. во период од 10-14часот.

Да бидеме хумани и да подадеме рака кога е најпотребно за и овие групи на граѓани да имаат подостоинствен живот”, велат социјалдемократите од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e