СДСМ Кр.Паланка: На 21 април да го дадеме гласот за Стево, за европска иднина и подобар живот

Драги сограѓани ,за ова време откако сум на чело на локалната власт работиме на бројни проекти за подобрување на животот на нашите граѓани. Враќаме долгови, направени од претходното раководство но и инвестираме во изградба на патишта и улици. Ги асфалтиравме улиците Климент Охридски, Горан Стојановски, 8 Ми Октомври, ги решаваме проблемите и се што ветивме на нашите граѓани во нашата изборна програма ќе го реализираме, вака им се обрати градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски на синожешната средба на жителите од населбата Баглак.

6

Мицевски посочи дека се продлжува со доопремување на ТППЕ Крива Паланка за успешно делување и заштита на имотот и граѓаните со набавка на нови рачни мевови за вода кои се од исклучителна помош при справување со шумските пожари, потоа активности за поставување декоративни светилки на пешачката патека-висока зона лев брег, поставување на фотоволтаични системи на СОУ „Ѓорче Петров“, ООУ „Илинден“ и ООУ„Јоаким Крчовски“ во рамки на проектот „Проектирање иизведба на фотоволтаични системи во рурални општини“, активности во инфраструктурата и бројни активности за подобар живот на кривопаланчани.

Градоначалникот ги повика насобраните граѓани на 21 април да го дадат својот глас за Стево Пендаровски зашто ќе победи вистинскиот човек кој на нашите граѓани ќе им донесе европска иднина и подобар живот, едно општество за сите нас без поделби и еднакви права.

2

– Секој ден сме на терен, нашите тимови го посетуваат секој дом, ние не се плашиме да влеземе во секој двор да поразговараме со секој наш сограѓанин, ги слушаме Вашите мислења, критики но и предлози. Во рамки на нашата програма за локалните избори ветивме дека секогаш ќе бидеме транспарентни и достапни за нашите граѓани а тоа и го правиме во овие неполни две години. Имаме иднина, имаме можности и имаме како централна така и локална власт голема поддршка за нашите политики кои ги спроведуваме, порача претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска.

Таа повтори дека светските лидери во нашата држава, во нејзиното раководство препознале сигурен партнер кој работи за доброто на својата земја, конечно средување на односите со соседите, отвореност за соработка наместо изолација и нетолераност, каква што имавме со претходната власт.

4

– Најновата анкета на еден национален медиум денеска предвидува сигурна победа на нашиот кандидат Стево Пендаровски на претседателските избори и солидна предност уште во првиот круг на гласање, рече претседателката на Советот,Изабела Павловска.

Претседателот на ОО на СДСМ Крива Паланка,Игор Ѓорѓиевски пред насобраните граѓани истакна дека кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски,нуди просперитет, сплотеност, отворање на нови можности, интеграција и членсто во најмоќниот сојуз во светот НАТО и ЕУ.

– Заедно можеме да одиме напред, ние веруваме во Вас, Вие ја давате нашата сила затоа што знаете да ја изберете вистинската страна, патот по кој тргнавме е долг, напорен ама ќе биде успешен, започна напредокот на нашата земја и нема враќање назад, порача Ѓорѓиевски.

ОО на СДСМ Крива Паланка ги покани граѓаните да присуствуваат на 14 април на Централниот митинг на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој ќе се одржи во Скопје со почеток во 14 часот а го најави  и митингот кој ќе се одржи утредента на 15 април со почеток во 17.30  часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e