СДК: Над 74.000 евра годишно плаќал Талески за поздрави и честитки во медиумите

Од 65.000 до над 74.000 евра годишно исплаќала Општина Битола додека бил градоначалник Владимир Талески за услуги и преплати во печатени и електронски медиуми. Според податоците добиени од општината по Законот за слободен пристап до информации, од 2014 до 2016 година општината најмногу пари за медиуми дала во 2015 година кога биле потрошени над 74.000 евра. Се плаќале честитки за празници, соопштенија, огласи, емитување на спотови, специјални емисии, следење на настани, фотографирање и месечна претплата на весници…

Според деталните податоци добиени од службите на Општина Битола, пари земале и битолски и скопски медиуми. Во 2014 година најголем дел од средствата, според посочените суми, 1.823.329 денари ѝ биле исплатени на телевизија, а 705.703 денари на локален весник. Во 2015 година кон две телевизии се исплатиле 2.131.094 денари. Во 2016 година најмногу пари биле исплатени кон компанија со седиште во Скопје, а која располагала со три весници, вкупно 898.145 денари, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Повеќе на линкот тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e