Пукање во Скопје, повредени неколку млади лица

Расправија која настанала затоа што не се почитувал редот во пекарата каде се купувал леб пред ифтар е причината за иинцидентот и тепачката која попладнето заврши со пукање во скопската населба Чаир, објави „Фокус“, повикувајќи се на свои информации.

Две групи млади луѓе прво се степале, а еден од нив извадил пиштол и пукал, при што ранил едно момче.

Инцидентот се случил околу 18 часот во близина на поликлиниката Бит-пазар во Чаир, во време кога многу луѓе купуваат леб во локална пекарница пред истекот на дневниот рамазански пост. Во тепачката, на една страна биле повредените: 20-годишниот А.Б. и 23-годишниот А.Б., а на другата страна биле четворица. Еден минувач се обидел да ги раздели групите, но и тој настрадал и со повреда на носот е пренесен на Клиниката за уво, нос и грло, пишува „Фокус“.

Сите повредени се во стабилна состојба, а од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e