Прв отворен ден за граѓаните на општина Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски заедно со раководителите на општинските одделенија, во текот на денешниот ден ја реализираа иницијативата  „Отворен ден за граѓаните на општина Крива Паланка“.

Заинтересираноста на граѓаните беше голема и тие имаа несекојдневна можност на еден  интерактивен, директен и непосреден начин да ги изнесат своите прашања, сугестии и предлози пред градоначалникот и раководителите.

Општинската администрација ги евидентира предлозите и иницијативите и одговараше на прашања од областа на урбанизмот, комуналните работи, локалниот економски развој, образованието, социјалната заштита, културата,  инспекциското работење, финансиите и  нормативно-правните работи, а се во насока на зголемување на транспарентноста, отвореноста и достапноста.

Општина Крива Паланка и понатаму продолжува со практицирањето на оваа иницијатива и  ги повикува граѓаните да ја користат оваа можност, преку која на непосреден начин се вклучуваат во креирањето на политиките на локалната самоуправа и во подобрување на живеењето во сите сегменти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e