Проект “Градиме заедничка иднина” во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, ги прими учениците на основните училишта „Наим Фрашери“ од Тетово и „Крсте Мисирков“ од општина Гази Баба. Целта на посетата е одбележувањето на Денот на планетата Земја, за што учениците од двете училишта изготвија брошури и флаери за нејзино зачувување, направени по истражувањата на загаденоста во Тетово и Гази Баба во кои се предложени мерки за негово намалување. Изготвените флаери, учениците ги поделија на граѓаните во оштината.

На средбата беше најавен почетокот на Проект „Градиме заедничка иднина“ кој ќе ја отсликува меѓуетничката интеграција и кохезија на учениците и наставниците, во кој ќе учествуваат сите 11 основни училишта од Гази Баба и учениците од Тетово.

Градоначалникот Георгиевски им порача на учениците дека треба да продолжат со добрата меѓусебна соработка, да се почитуваат без разлика на верските, националните, образовните и половите разлики, а дека тој лично ќе им биде голем поддршка во реализирањето на Проектот.

Почнувајќи од сега се до Денот на општина Гази Баба 3-ти ноември, учениците ќе бидат вклучени во мешани групи, каде ќе работат на различни активности, кои ќе бидат претставени на Денот на општината, а најдобрите ќе добијат и награди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e