Прилеп: Бесплатен градски превоз за пензионерите од 9 до 11 часот

Советниците на oпштина Прилеп денеска на 8-та седница донесоа Одлука за бесплатен јавен превоз за пензионерите, секој работен ден од 9 до 11 часот.

Одлуката стапува во сила со денот на нејзино објавување во Службен гласник, што значи 8 ден од денот на нејзино донесување. Со оваа Одлука всушност се исполнува изборното ветување на градоначалникот Илија Јованоски, кој што меѓу другите мерки за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, акцент стави и на животот на пензионерите.

Sovet-2

„Советот донесе Одлука за ослободување од плаќање за градски превоз во автобусите на ЈП за ПУП за сите пензионери, односно за жени со навршени 62 години и мажи со 64 години, и тоа секој работен ден од 9 до 11 часот. Советниците исто така го донесоа Извештајот за работата на Советот во претходната 2017 година и Програмата за работа во тековната 2018 година. На денешната седница го изгласа и финансискиот план за работа на ЈОУ детски градинки „Наша иднина“, ги усвоија плановите за вработување во 2018 година на ЈОУ дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ и градската библиотека „Борка Талески“, изјави претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски.

Оваа Одлука не ја гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, тие ја напуштија седницата, демонстирајќи поддршка на притворените учесници во настаните од 27. април.

Но, сепак општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција на Одлуката на мнозинството советници за бесплатен превоз на пензионерите во одреден дел од денот, иако додека беше локалната власт од нивната партија, не презедоа ваква мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e