Превентивно- едукативни проекти на СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (05.03.) започна со практична реализација на два нови превентивно-едукативни проекти -“Превенција од злоупотреба на дроги и алкохол“ и “Превенција од трговија со луѓе-деца“. Носител на проектите кои ќе се одвиваат напоредно во наредните два месеци е Отсекот за превенција при СВР Тетово, а во соработка со тетовската и гостиварската локална самоуправа.

Со проектите ќе бидат опфатени над 3000 ученици од деветто одделение, кои на посебни едукативни часови подетално ќе бидат информирани за негативните здравствени, социјални, семејни и други последици од користење наркотични дроги и конзумирање алкохол, но и за законските импликации кои се однесуваат на овие општествено девијантни појави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ