Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски во текот на денешниот ден одржа работна средба со претставници на Регионалната организација на СОНК.
На средбата се разговараше за одржување и развој на дијалогот помеѓу Општина Крива Паланка и раководството на Регионалниот одбор на СОНК и за прашања од економско- социјалната сфера на образованието, науката и културата.
Градоначалникот Мицевски согледувајќи ги актуелните состојби на вработените од образованието, посочи дека тој ќе се залага за заедничко решавање на проблемите со превоз на вработените во руралните средини, трансформација на работните места согласно законските прописи, како и за почитувањето на колективните договори, а се во насока на унапредување на социјалниот дијалог и партнерство.