ПРЕКУ МЗШВ НОВA ПОМОШ ЗА ОПШТИНА КР.ПАЛАНКА: Пробивање и тампонирање на пат до земјоделско земјиште во село Градец

“Преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедени нови 1.000.000 денари за Општина Крива Паланка кои ќе бидат инвестирани во инфраструктурен проект за пробивање и тампонирање на локален пристапен пат до земјоделско земјиште во село Градец. ” информира градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

-На земјоделците од овој крај им овозможуваме полесен пристап до нивните ниви, потенцира Митовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски исто така појасни дека се доделуваат решенија на 3️⃣4️⃣општини кои ќе инвестираат во инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта, во вкупна должина од 19.000 метри, со што на земјоделците, како што кажа, им овозможуваме полесен пристап до нивните ниви.

Вкупната вредност е 33 милиони денари што е за два пати повеќе споредбено со 2018 година#МЗШВ во изминативе 5 години преку Програмата за рурален развој финансиски поддржа проекти во вредност од над 50 милиони денари речиси во сите општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e