Прегазената жена во Аеродром им подлегнала на повредите во болница

Пешак загина вчера околу 14.30 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје. До несреќата дошло кога возило „тојота ленд крузер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(39) од Скопје, удрило во пешакот Ц.И.(69) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош Ц.И. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, а во 18.30 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e