Повторно се активира свлечиштето на патот кон манастирот Свети Јоаким Осоговски

На локалниот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски  (на старата траса) на околу 100-150 метри од самиот манастир, повторно се активираше свлечиште од поголеми размери  кое го отежнува нормалното одвивање на сообраќајот.

Општината презеде активности на критичниот дел за да овозможи нужно одвивање на сообраќајот, но во моментот не е можно целосно санирање  на свлечиштето поради големиот обем на истото и неповолните временски услови. Критичното место е соодветно означено и сообраќајот се одвива на стеснет дел од коловозот.

Од таму ги молат граѓаните да не ја одстрануваат или оштетуваат поставената сигнализација и да бидат посебно внимателни при движење на тој дел од патот. Се препорачува до санација на свлечиштето за сообраќај да се користи новиот (руски) пат.

28954474_991640390985971_3005262100971051792_o

29662454_991640334319310_6394970391890046892_o

29665315_991640330985977_1135087267648296146_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e