Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЛУ Градски музеј – Крива Паланка и Дом на култура од Витина

Во просториите на ЛУ Градски музеј во Крива Паланка беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Домот за култура од општина Витина и ЛУ Градски музеј во Крива Паланка.Меморандумот за соработка е фаза од имплементација на проектот „Туризам без граници“ кој е финансиран од Европската унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу РС Македонија и Косово.

Идејата е преку овој вид на активности да се воспостави формална мрежа на соработка помеѓу институции, кои работат во областа на културата од општина Крива Паланка и општина Витина.

Меморандумот на соработка беше потпишан од страна на директорот на Домот за култура од општина Витина и Директорот на ЛУ Градски музеј во Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e