Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски оствари средба со Јорданчо Миневски, претставник на здружението на граѓани Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка.
Средбата која беше од информативен карактер беше со цел да го запознае градоначалникот со имплементацијата на проектот „Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија”, проект кој невладината организација го спроведува на територијата на општина Крива Паланка.
Како што беше нагласено на средбата, проектот има за цел активно вклучување на граѓаните и организациите во процесот на донесување на буџетот на општината и во следниот период ќе се спроведуваат активности кои се во насока на зголемување на нивната свест за важноста на процесот на транспарентност како и нивно директно вклучување во самиот процес на буџетирање
И од двете страни беше нагласено дека учеството на граѓаните во самиот процес на донесување на буџетот, како и соработката со невладините организации е од битно значење за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста во Македонија.
На крај, градоначалникот и претставникот на невладината органзиација потпишаа меморандум за соработка преку кој и двете страни се обврзуваат дека ќе соработуваат за успешно спроведување на проектот, за како што кажаа заштита на интересите на граѓаните на Крива Паланка.