Поставена безбедносна ограда на пешачкиот мост во месноста „Крстата Падина“

Во текот на вчерашниот ден, под надзор на стручни лица од Општина Крива Паланка, извршена е монтажа на безбедносна ограда на колско-пешачкиот мост на Крива Река во месноста викана „Крстата Падина“.

2018-02-22-11.56.03

Мостот на оваа локација кој интензивно го користи локалното население, при увид на стручни лица од Општината беше констатирано дека претставува потенцијална безбедносна опасност. За таа цел, направена е проценка и е извршена монтажа на сигурносна ограда од метални профили, соодветно анкерисани во самата конструкција на мостот, со што е отстранета опасноста од несакани последици.

2018-02-22-11.53.39

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e