Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти 14 кривични дела “тешка кражба“ и едно кривично дело “тешка кражба во обид“, кои што биле извршени во девет православни цркви и во пет куќи во текот на јануари и февруари на подрачјето на СВР Тетово.
Осомничени сторители на кражбите во црквите се двајца малолетници, едниот З.А. (16) од с. Озормиште, тетовско а другиот Н.Р. (16) од Тетово, како и А.А. (18) од Тетово. Тие се сомничат за тешки кражби во црквите во: селата Фалише, Радиовце, Копанце и во неколку црковни објекти во Тетово, при што биле одземени околу 30.000 денари и две мали икони (од црквата во с. Фалише) Истовремено овие лица заедно со уште еден малолетник – М.А. (17) од село Озормиште, се осомничени дека се сторители и на петте тешки кражби во куќи на лице што времено се вработени во странство. Осомничените насилно влегувале во куќите и одзеле седум телевизори и разновиден алат, и подоцна украдените предмети ги продавале на други лица. Одземените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици. Против осомничените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.