Спортска обложувалница на во Тетово била откриена од страна на СВР Тетово откако извршила контрола , по претходно добиени сознанија дека работи нелегално и без лиценца за работа. Во објектот биле затекнати Р. Х. (24) и П.Т. (44) од Тетово, кој се претставил дека е вработен, а во шанкот за уплати на тикети била затекната С. Ѓ. (33) од Тетово. Во обложувалницата бил повикан и сопственикот на обложувалницата Е.Л. Лицата и предметите во обложувалницата (монитори за игра во живо и неколку ЛЦД телевизори наменети за игри на среќа, шанк за уплата на тикети, неколку телевизори наменети за игра на среќа – трка со кучиња, како и билтени за спортска прогноза и уплатени тикети), биле обезбедени и за тоа бил информиран Јавен обвинител.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.