Одржана осмата седница на совет на општина Демир Капија

Советот на општина Демир Капија на 27.04.2018 година ја одржа осмата по ред редовна седница на која беа разгледани и усвоени 14 точки од дневниот ред.

31454069_2127110164187384_174446599307526144_o

По разгледувањето на првата точка од дневниот ред беше усвоена Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Демир Капија во 2018 година. Потоа се премина на втората точка од дневниот ред на која беше усвоена Програмата за работа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2018 година. Третата и четвртата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беа усвоени, а се однесуваа на донесување на Предлог-План за управување со отпадот на општина Демир Капија (2018 – 2022) и Предлог-План за управување со отпад за Вардарски плански регион.

31460963_2127110317520702_2775633262263926784_o

По разгледувањето на петата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Вардарски плански регион.Потоа се премина на шестата точка на која беше донесено Решение за именување командант, началник и членови на општинскиот штаб за заштита и спасување.Наредните пет точки од дневниот ред откако беа разгледани беа донесени Решенија за давање согласност на Годишниот план за вработување во општина Демир Капија, ЈКП Бошава Демир Капија, ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија, ООУ Димче А. Габерот Демир Капија и ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија. Дванаесетата точка од дневниот ред откако беше разгледана беше донесено Решение за одобрување финансиски средства на Здружение спортски клуб Клисура Демир Капија.Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

31513930_2127110047520729_5462678258497617920_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e