Објавен повик за субвенции за инвертери во Пробиштип

Пробиштип е втората општина во источниот регион, која воведува субвенцинирање на инвертер – клима уреди за граѓаните. Градоначалникот Драган Анастасов вели дека целта е да се стимулираат граѓаните за користење обновливи извори на енергија за затоплување на домовите, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени.

-Со субвенцинирањето ќе им се обезбеди поврат на дел од потрошените средства, односно во висина од 10.000 денари за клима уреди – инвертер купени во тековната година па до денот на завршување на јавниот повик, односно се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена. Општина Пробиштип, за реализација на мерките против загадувањето на воздухот, рапиша јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертер клими, вели Анастасов.

Според јавниот повик, барања и потребна документација во прилог во затворен плик се доставуваат до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2020 година“ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса ул.Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e