ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЛОКАЛНИ ПРИСТАПНИ ПАТИШТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ЧАШКА

“Преку Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, како дел од мерката 124, подмерка 124.3, Општина Чашка денес доби проект во вредност од 785.000 денари, за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта, со што на земјоделците им овозможуваме полесен пристап до нивните ниви.
Наредниот период ќе биде реализирана и јавната набавка за проектот кој предвидува пробивање, тампонирање и одводнување
на локалниот пат на потегот од месноста ,,чашкарска поројница” кон Крива Круша, кадешто има земјоделски површини и плодна обработлива почва.”, објави на Фејсбук, градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски.
Општина Чашка и понатаму останува партнер на земјоделците, придонесувајќи во создавањето современи услови за развој на селата и руралните подрачја, се со цел да им го олесниме и подобриме животот на граѓаните во руралните средини, додаде градоначалникот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски исто така појасни дека се доделуваат решенија на 3️⃣4️⃣општини кои ќе инвестираат во инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта, во вкупна должина од 19.000 метри, со што на земјоделците, како што кажа, им овозможуваме полесен пристап до нивните ниви.

Вкупната вредност е 33 милиони денари што е за два пати повеќе споредбено со 2018 година. #МЗШВ во изминативе 5 години преку Програмата за рурален развој финансиски поддржа проекти во вредност од над 50 милиони денари речиси во сите општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e