“НЕМА ЧОВЕК КОЈ ПОБАРАЛ ПОМОШ А ДА НЕ ЈА ДОБИЛ” Кр.Паланка памети и ќе врати со уште една ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА СДСМ

По вчерашното дефинирање на кандидатските листи за пратеници од СДСМ и коалицијата, од Општинската организација во Крива Паланка изразија задоволство, Љупчо Николовски повторно да биде претставник на листата во Изборна единица 3.

6

“Другар Љупчо Николовски, чест е повторно да бидеш наш претставник на листата во ИЕ 3. Твоите заложби уште со почетокот на владата на СДСМ во 2017та беа несебични, секогаш влечеше уште еден проект плус за урбана Крива Паланка. Нема човек кој побарал помош а да не ја добил и затоа Крива Паланка памти и ќе врати со една огромна победа на СДСМ, за да продолжи развојот, за да продолжи поддршката на се она што значи европска и модерна Крива Паланка.”- стои во соопштението од ОО СДСМ Крива Паланка.

10

“СДСМ е најсилен, кога е најтешко ! Убеден сум дека изборот во Крива Паланка ќе биде лесен ! Затоа што, другарот Љупчо Николовски во изминативе години со макотрпна работа, деноноќна посветеност покажа што значи да си го сакаш својот роден град, што значи да бидеш локал-патриот, и притоа никогаш да не ги заборавиш другарите и пријателите, а најмалку од се да ги делиш луѓето по било која основа !
Затоа победата на 8-МИ Мај во Крива Паланка на Социјалдемократскиот сојуз ќе биде чиста како солза, а токму таа победа ќе отвори нови перспективи, нови хоризонти, нови можности за Крива Паланка….затоа што сето ова досега беше само почеток.” – напиша на Фејсбук, градоначалникот на Крива Паланка и шеф на Општинскиот Изборен Штаб на СДСМ, Сашко Митовски.
Инаку, во “тројката” листата на СДСМ ќе ја предводи тандемот Сања Лукаревска и Љупчо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e