Утрово околу 00:30 часот во Крива Паланка на ул.„Свети Јоаким Осоговски“, пред угостителски објект при превземање на мерки и активности за контрола на угостителски објекти и проверка на идентитет на лица, полициски службеник од ПС Крива Паланка бил физички нападнат од страна на С.Ѓ.(19) од с.Конопница–Крива Паланка, при што му биле нанесени телесни повреди (во пределот на стомакот и гребнатини на левата рака и устата).
С.Ѓ. бил приведен и истиот е задржан во полициска станица по овластување на Јавен обвинител до целосното расчистување на случајот и поднесување на соодветна пријава.