Мислејќи дека пука во дивеч, ловџија застрелал собирач на плодови

На 31.12.2017 година околу 12,00 часот во атар на с. Будинарци-Берово, кај  месноста викана .„Лесови ливади“ додека И.П. (1981) од с. Будинарци, бил на лов, во еден момент на оддалеченост од околу 60 метри забележал раздвижување на гранките на смрека, при што се посомневал дека се работи за дивеч, испукал еден истрел во воздух, а потоа вториот истрел го насочил кон смреката.

Веднаш по истрелот, И.П. слушнал вресок, при што кај смреката го затекнал С.К. (1954) од с.Будинарци, кој во моментот собирал плодови.С.К. се здобил со повреди од сачмите во пределот на двете нозе. Истиот бил пренесен во Здравствен  дом -Берово, од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Клинички центар Штип и е надвор од животна опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e