Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, вчера оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.
На средбата беше разговарано за тековната состојба во општина Крива Паланка за предизвиците и можностите на локалната самоуправа во делот на екологијата и заштитата на животната средина.
Амбасадорот Јазбец ја прифати поканата да ја посети општина Крива Паланка во текот на месец јануари кога ќе се дефинираат начините на идна соработка како и можноста за имплементација на проекти од заеднички интерес.