Мицевски на Симпозиум на градоначалници во Виена, Австрија

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, заедно со градоначалниците на Струмица, Велес, Кочани, Илинден и Желино, престојува во Виена на покана на Програмата за урбано партнерство на Канцеларијата на Светска банка во Виена и Михаел Хепл, градоначалник и гувернер на Виена. Симпозиумот што се одржува од 26 февруари до 1-ви март годинава во австриската метропола е на тема „Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“.

На симпозиумот во Виена учествуваат 150 учесници од 7 земји на Југоисточна Европа и други делови на Европа и светот: градоначалници, претставници на државни институции, канцелариите на Светска банка како и претставници на граѓанскиот сектор.

Целта на симпозиумот е споделување на добри практики во управувањето со градовите во Европа и во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e