На 01.09.2026 во 10:00 часот на улица „11 Октомври“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале мопед кој се движи во спротивна насока, а возачот кога ги забележал полициските службеници го паркирал мопедот и побегнал.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал 14-годишен малолетник од Велес.
Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Велес.
Мопедот бил одземен и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
