Повредено тригодишно дете – жена го управувала мопедот

На 29 август 2026 година, во 9:55 часот, во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат од село Облешево кон село Кучичино се случила сообраќајна несреќа.

Според пријавеното, 28-годишната А.Ј. од село Тернци, кочанско, управувајќи мопед, изгубила контрола над возилото и се превртела.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ј., додека тригодишното дете кое било сопатник се здобило со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e